Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски денеска и утре ќе учествува на Седмиот европски дијалог за управување и иднината на интернетот, кој се одржува во Берлин. Домаќин на настанот е Здружението на германската интернет индустрија, а се одржува под патронат на Федералното министерство за економски работи и енергија.
Министерот Ивановски е еден од главните говорници на дводневниот собир, кој ќе се обрати во рамките на сесијата со наслов „Насоки за интернет владеење„.
Седмиот европски дијалог за управување и иднината на интернетот ќе го отвори германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, а меѓу учесниците ќе бидат Фади Чехаде, извршен директор и претседател на ИЦАНН, Нилс Музникс, комесар за човекови права при Советот на Европа, како и претставници на Европската Комисија, Европскиот Парламент, Телеком Италија, Дојче Телеком, на руската Дума и други.