Кампања за безбедност на мотоциклистите на патиштата

Од:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе најави одбележување на кампања за безбедност на мотоциклиситите.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја прогласи неделата од 16 до 22 Јуни 2014 година како Недела за безбедност на мотоциклистите.

Индикаторите за безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот на патиштата укажуваат на потребата за преземање на една широка и сеопфатна акција за подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, сметаат од РСБСП.

Целта на оваа кампања е подобрување на условите и можностите за рамноправно учество на мотоциклистите во сообраќајот, подобрување на нивната безбедност во сообраќајот, подигање на јавната свест за правилно однесување на мотоциклистите во сообраќајот и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот.

Во реализацијата на оваа кампања вклучени се Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министертство за внатрешни работи, Министерство за локална самоуправа, Агенција за млади и спорт, Заедница на единиците на локалната самоуправа, Град Скопје, Единиците на локалната самоуправа, Светска здравствена организација – Канцеларија во Скопје, Институт за јавно здравје и Мотоциклистичка федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Загина возач на магистралниот пат Кочани – Штип

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Јелоустоун во САД

Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники