СДСМ: Дали за богатење и морал најдоа да зборуваат пратениците или функционери на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Дали за богатење и морал најдоа да зборуваат пратениците или функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои во 8-годишното владеење на грбот на граѓаните заработија милиони и успеаја да ја создадат најголемата сиромаштија од независна Македонија?

Поранешните пратеници на СДСМ работеа 4 години во Собранието на Република Македонија, под неверојатни, недемократски услови, до исфрлувања од собраниската сала, како претставници на граѓаните кои гласаа за СДСМ, а не затоа што работа им дале Груевски и Велјаноски, велат од СДСМ.

Пратениците на Никола Груевски, ако сакаат да покажат чесност и моралност и кон нивното членство и кон граѓаните на Република Македонија, за почеток нека поттикнат разврска на милионските афери на Никола Груевски и неговата тесна фамилија. Или таму не смејат да чепнат?

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус