Ромпуј: Црна Гора по Хрватска нова членка на ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј изјави денеска по средбата со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ дека Црна Гора по Хрватска ќе биде следна членка на Европската унија.

Ромпуј и Вујановиќ се сретнаа во Сараево, каде учествуваат на Меѓународната конференција за мир.

Претседателот на ЕУ нагласи дека брзото добивање на статус кандидат за членство и отварањето на прегововорите за членство се доказ дека ЕУ е отворена за пристапување на Црна Гора и подготвена да ги цени индивидуалните достигнувања на секоја држава во постигнувањето на европските стандарди.

Вујановиќ укажа на приврзаноста на Црна Гора кон европските интеграции, нагласувајќи дека следниот месец во земјата се одржуваат парламентарни избори, кои ќе овозможат владата на Црна Гора со капацитет од четиригодишен мандат да води интензивни преговори за членство во ЕУ.

Претседателот на Црна Гора ги повтори очекувањата за индивидуавлен третман на секоја држава, со кој поединечно се вреднуваат интеграциските достигнувања на секоја држава при пристапувањето во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Спречена голема тепачка помеѓу 60 малолетни ученици од Никшиќ

Горан Наумовски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје