Индиската полиција го уапсила карикатуристот Асим Триведи, заради неговите цртежи против корупцијата.
Судијата во Мумбаи му одредил седумдневен притвор под обвинение дека го исмејува индискиот устав во своите цртежи.
Карикатурите на Триведи, во кои јавно ја исмева раширената корупција меѓу индиските политичари, прикажани се на протестите во Њу Делхи минатата година.
Студенти, активисти за слободата на говорот и опозициски политичари, протестираат денес укажувајќи дека апсењето на Триведи ја покажува растечката нетолеранција на политичарите спрема критиката.