Битолчанец загина во сообраќајна несреќа на превојот Ѓавато

Од:

Битолчанецот Тони Гулевски (45) го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на превојот Ѓавато, на патниот правец Битола-Ресен.

Од СВР-Битола соопштуваат дека Гулевски го загубил животот возејќи го својот мотор марка „Дукати“ и директно се судрил со патничко моторно возило марка „Мерцедес 290“ управувано од Б.К. (47), жител на селото Вевчани.

– Во сообраќајната несреќа битолчанецот Гулевски починал на местото на несреќата, а смртта беше констатирана од лекар на итната медицинска помош од Битола. Денес се врши обдукција врз починатото лице, а паралелно се води и истрага за утврдување на причините за настаната сообраќајна несреќа, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Тони Гулевски е познат на битолската спортска јавност како долгогодишен учесник и организатор на мото-трките во селото Братиндол.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка