Поранешен градоначалник на Вевчани заработи кривична пријава

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 46-годишниот П.И. од Вевчани кој е осомничен дека извршил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Вевчани,  спротивно на Законот за јавни набавки  и без да распише тендер за јавна набавка за правни услуги, на адвокат од Струга, на име адвокатски услуги од застапување на општината Вевчани,  му овозможил противправна корист од наплата во износ од 1.025.583 денари.

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, тоа го направил во 2009 година без никаков правен акт, а за периодот од 27-ми јануари 2010 до 30-ти јуни минатата година со пет писмени договори за дело му овозможил месечен паушал од по 20 илјади денари како и надомест за трошоците во судските постапки.

– Пријавениот, со свесно искористување  на службените овластувања на 8-ми октомври 2010 година, без никаков правен акт му дозволил  на истиот адвокат, од досудените парични средства кои требало од судски предмет да се исплатат во корист на општина Вевчани, да си наплати износ од 173.600 денари или за 75.000 денари поголем износ од дотогашните пријавени и неисплатени побарувања на име адвокатски услуги. Притоа, пријавениот за тоа не направил соодветен правен акт кој би бил прикажан и книговодствено евидентиран во општина Вевчани, вели Димоски.

Во посочениот период, како што додава Димоски, пријавениот не презел никакви мерки за да се заштитат имотните интереси на општина Вевчани и без да се грижи за имотот и интересите на општината што ја застапувал и претставувал, склучил и други противправни и спорни  договори оштетувајќи го општинскиот буџет.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски