23-годишната Софи Росер од Лондон се враќала од роденденска забава кога забележала дека зградата во која што таа живее со своето момче е во пламен.
Веднаш му се јавила и го предупредила да излезе од зградата, а потоа и самата влегла низ пламените јазици за да ги предупреди и останатите соседи.
Нејзиното момче кое седело со другар неможело да се пробие низ пламените јазици, но успеал да излезе низ терасата. Кога успеал да се спаси ги видел пожарникарите кои веднаш пристигнале на местото на настанот како го носат безживотното тело на Софи.
„Ја препознав по облеката. Се надевав дека ќе се помрдне, дека некако ќе се спаси, но ништо. Заедно живеевме повеќе од две години“, рече момчето на Софи низ солзи.
Обдукцијата покажала дека Софи умрела од тешки изгореници по целото тело.