Централната банка на Грција денеска се очекува да избере нов директор.
Многу е веројатно да биде усвоен предлогот на премиерот Андонис Самарас за назначување на досегашниот министер за финансии Јанис Стурнарас на функцијата, бидејќи мандатот на актуелниот управник на банката Јоргос Првопулос истекува за десетина дена.
Стурнарас беше сменет од Гикас Хардувелис на функцијата министер за финансии при извршената широка реорганизација на владината коалиција во Атина.