Повеќе милиони Кубанци во западна Куба синоќа останаа без струја, а причината за прекинот се уште не е позната.
Дотокот за струја бил прекинат синоќа околу осум часот на поширокото подрачје на земјата, вклучувајќи го и популарното летувалиште Верадеро, како и двомилионскиот главен град Хавана, каде електричната енергија дошла по петчасовен прекин.
Куси прекини во снабдување со струја се забележани и во централните и источните делови на Куба, како и во Сантијаго, втор по големина град на островот, кој меѓутоа добил стрија по неколкуминутен прекин.
Властите не излегоа со официјално соопштение, а државното радио јави дека снабдувањето со струја постепено се нормализира и апелираа до граѓаните да не ги вклучуваат веднаш апаратите, кои трошат повеќе електрична енергија.