Во Осиjек основан Штаб за одбрана од наезда на комарци

Од:

Поради големата наезда на комарци и договорот за нивно уништување градоначалникот на Осијек, Ивица Вркиќ основаше Штаб за одбрана од овие инсекти.

Во штабот се вклучени сите оние кои учествувале во синџирот за уништување на комарци, кои претставуваат голем проблем за жителите на Осијек.

Поради временските прилики, неодамнешните поплави и долготрајните дождови што влијаеше врз нивото на водата на Драва, кај Осијек, наездата на првиот налет на комраци е огромна.

Градот Осијек и хрватската Влада оваа година за уништување на комарците обезбедиле по 650 илјади евра.

Според мерењата на Одделението за биологија при осијечкиот Универзитет, кој ја следи состојбата, вчера бројот на комарците се движеше до 166 убоди во една минута на одредени мерни единици.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб