Сојузниот Уставен суд во Карлсруе денеска донесе одлука според која германскиот претседател во изјавите за вреднување на политичките партии не мора задолжително да се однсува неутрално, како и дека актуелниот претседател Јоахим Гаук во случајот со нарекување на припадниците на десничарската Националдемократска партија будали, не ги прекришил своите компетенции.
Националдемократска партија (НПД) на почетокот на годината поднесе до сојузниот Уставен суд тужба против Гаук, обвинувајќи го за навреда и нарушување на границите на неутралноста, што е прв случај во германската повоена историја.
Десничарската партија се повикува на изјава на Гаук направена во август минатата година во однос на протестите и нетолеранцијата против странци и азиланти во Берлин, изјавувајќи дека Германија има потреба од граѓани кои ќе излезат на улица и на будалите им покажат каде се границите. Партијата ова го оценува како навреда и пречекорување на претседателската неутралност, како и кршење на принципот нa еднакви шанси за сите.