„Етнос“: Составот на новиот грчки кабинет нема планови за промена на политиката

Од:

Промените во грчката коалициска Влада на премиерот Андонис Самарас оставаат впечаток на континуитет, но во никој случај таа нема да биде повеќе настроена кон народот од претходната, пишува денеска во својот коментар  елекронското издание на весникот „Етнос“.

– Составот на новиот кабинет во никој случај не е одраз на плановите за промена на политиката…Десет министри останаа во новиот кабинет и тие доаѓаат од министерските позиции во претходната влада, а впечатокот е дека само еден беше преместен во друго министерство, Никос Дендиас, од Министерсвото за јавен ред во Министерството за развој, коментира весникот.

– Колку всушност со осумте нови министри, кои влегоа во новата влада, плус новиот владин портпарол Софија Вултепси, која исто така е заменик-министер, премиерот покажува особена загриженост да ги смени отстранетите министри со соодветни личности од политичка гледна точка и со тоа да го зајакне чувството за целосен континуитет, пишува „Етнос“.

– Новиот министер за финансии Гикас Хардувелас не се разликува по ништо од претходниот Јанис Стурнарас и на ниту еден начин не се смета дека има поголемо социјално чувство од неговиот претходник,  ниту пак владее мислењето дека двојката Хардувелис-Дендиас ќе водат понародна политика од двојката во претходниот кабинет, додава весникот.

„Етнос“ пишува дека промените сепак треба да се гледаат во контекст на фактот дека се спроведени во момент кога позицијата на Самарас е мошне ослабната по поразот на неговата партија Нова демократија на евроизборите.

– Од таа гледна точка може да се каже дека Самарас е лишен од внатрепартиски сојузници. Тој ги пресече врските со лицата од опкружувањето на поранешниот премиер Костас Караманлис, но ги задржа луѓето, кои гравитираат околу првиот претседател на партијата Константинос Мицотакис и покрај личното непријателство, кое го има кон него, нагласува весникот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит