Сергеј Станишев побара предвремени избори во Бугарија до крајот на јули

Од:

Чесна е позицијата под итно да се организираат избори, изјави претседателот на БСП Сергеј Станишев во изјавата пред Националниот совет на партијата.

На пленумот присуствуваше и премиерот Пламен Орешарски.

-Предвремените избори во јули или до крајот на јули се можна и реалистична варијанта и тоа е најдобрата варијанта за земјата, смета Станишев.

„Откако нашиот партнер од ДПС ја кажа својата позиција, не можеме сами да ја носиме одговорноста за управувањето со Владата“, рече лидерот на БСП.

Затоа, според него, најкоректното и најодговорно дејстување е Владата под итно да си поднесе оставка, веднаш по преживувањето на гласањето недоверба за нејзината финансиска политика.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална