Камерон: Во Велика Британија има политички консензус против изборот на Јункер

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека во Велика Британија постои политички консензус против изборот на Жан-Клод Јункер за претседател на Европската Комисија.

Изјавата на Камерон доаѓа откако опозициските лабуристи соопштија дека се против предлогот поранешниот луксембуршки премиер Јункер да го наследи Жозе Мануел Барозо на најпрестижната европска политичка функција.

Во нивното соопштение се вели дека лабуристичките пратеници во Европскиот парламент, ќе гласаат против евентуалниот избор на Јункер, затоа што, како што објасни нивни претставник во Лондон, на ЕУ и се потребни итни реформи и реформски определни политичари.

Претходно, британскиот заменик-премиер и лидер на партијата Либерални демократи Ник Клег, кој е поранешен европратеник, даде целосна подршка на ставот на Камерон против изборот на Јункер.

Во изјава за лондонските медиуми, Камерон уште еднаш потенцираше дека Јункер не е политичар од кого може да се очекува да ги покрене и спроведе реформите кои и се неопходни во ЕУ.

Изјавата за постоењето политички консензус во Велика Британија, околу идниот претседател на ЕК, доаѓа во време на мини-самитот на премиерите на Шведска, Германија, Холандија и Велика Британија, што се одржува во летната резиденција на шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд во Харпсунд.

Германскиот канцелар Ангела Меркел јавно ја подржа кандидатурата на Јункер, како кандидат на Европската народна партија, која на мајските евроизбори освои најмногу пратенички места во Европскиот парламнет.

Британскиот премиер, меѓутоа, како и премиерот на Шведска и холандскиот премиер Марк Руте, покренаа кампања против изборот на Јункер.

Самитот во Харпсунд е обид да се постигне компримис околу позициите за идниот претседател на Еврокомисијата, но засега нема најави дека тоа е направено.

– Ние овде нема да донесеме решение (за Јункер), изјави канцеларот Меркел, додавајќи дека германската позиција е добор позната.

Холандскиот премиер Руте, пак, рече дека е „премногу рано“ да се каже кој ќе биде на претседателската функција во ЕК.

Шведскиот премиер Рајнфелд, кого дел од британските и европските весници го посочуваат како „најдоброто компромисно решение“, одби да се изјасни, тврдејќи дека тој засега е заинтересиран за победа на изборите во Шведска.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски