Владата ангажира волонтери, ќе ја доближува работата на администрацијата до граѓаните

Од:

Владата на Република Македонија овозможува волонтирање за сите заинтересирани студенти во завршна година од областа на правните, политичките, економските, филолошките и други општествени науки, како и од областа на електротехничките науки во канцеларијата на претседателот на Владата и во Генералниот секретаријат на Владата. Огласи за волонтирање деновиве се објавени и за сите министерства и други државни институции.

Целта, како што потенцираше на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, е приближување на работата на државната администрација кон граѓаните на Република Македонија, а воедно и укажување на можноста за стекнување на работно искуство на младите.

Рокот за пријавување е до 15 јуни, а волонтирањето ќе биде во периодот од 1 јули до 15 септември годинава. На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно Законот за волонтерството, што ќе изнесува околу 4.500 денари.

Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за интерес, кратка биографија и фотокопија од индекс до Владата на Република Македонија на адреса: Бул. Илинден бр.2, 1000, Скопје, со назнака за Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат на Владата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски