Уште две лица починаа од вирусот Западен Нил во Србија

Од:

Уште двајца пациента починаа на Клиниката за инфективни болести при Клиничкиот центар на Србија од воспаление на мозокот, предизвикано најверојатно од вирусот „Западен Нил“, јави српскиот весник „Блиц“. Жртвите биле сместени на одделот за интензивна нега и биле во кома.

Доколку се потврди дека смртта и кај нив настапила поради овој вирус, официјално бројот на жртвите на овој вирус, кој се пренесува преку комарците, ќе се зголеми на пет. Деталната анализа на Институтот за вирусологија и имунологија сè уште се чека.

Истовремено, за време на викендот во болниците во Србија не е примен ниту еден нов пациент со симптом на треска. Официјално, досега се пријавени 37 заболени, но се претпоставува дека има над 60 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски