Хоспитализиран шефот на грчката дипломатија

Од:

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос синоќа бил итно пренесен во болница, објави електронското издание на весникот „Етнос“.

Венизелос бил примен со болки во стомакот, но се очекув денеска да биде пуштен, изјави неговиот лекар.

– Поврзано е со гастроентеролошко нарушување. Тој беше примен во болница како мерка на претпазливост, изјави шефот на одделението за кардиологија на болницата „ИпократиоХристодулос Стефанидис“.

Весникот „Етнос“ претходно објави дека Венизелос почувствувал болка во градите.

Венизелос е вицепремиер и министер за надворешни работи во коалициската Влада на Андонис Самарас.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит