БМВ официјално објави први фотографии и детали од редизајнираниот Х6 кросовер, што како и својот претходник има спортски екстериер и истакната аеродинамичност, а во продажба може да се очекува во декември годинава.
Како стандардна опрема доаѓаат би-ксенон светла, автоматска врата на багажникот и тркала од 19 инчи.
Достапна е изведбата М Спорт со мат алуминиумска решетка на ладилникот, 19-инчни тркала, подобрен ентериер и „АдаптивМ“ суспензија.
Во внатрешноста впечатлив е спортскиот управувач, Дакота кожните седишта и иДрајви инфотејмент системот со 10,25 инчен екран.
БМВ Х6 на почетокот ќе биде достапен во три моторски изведби. хДрајв 50и со 4,4 литарски ТвинПауер Турбо В8 мотор со 445 коњски сили, што од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,8 секунди и има максимална брзина од 250 килметри на час. Дизелот хДрајв30д со 3,0 литарски ТвинПауер Турбо шестцилиндерски мотор од 254 коњски сили од 0 до 100 забрзува за 6,7 секнуди и има максимална брзина од 230 километри на час.
Помоќниот М50 со 3,0 литарски шестцилиндерски дизел со 375 коњски сили забрзува од 0 до 100 километри на час за 5,2 секунди и достигнува максимална брзина од 250 километри на час.
Во понудата се очекува да се најдат и сДрајв35и,, хДрајв35и и хДрајв40д.