Две ученички од Македонија освоија две втори места во категоријата најдобра фотографија на интренационалниот натпревар од кампањата „Помалку отпад“ и програмата „Млади репортери“.
Се работи за Тамара Михајловска, ученичка во средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“, Скопје која освои второ место во програмата „Млади репортери за животната средина“ и Анастасија Бојковска од средното училиште „Наце Буѓони“ од Куманово, која освои второ место во категорија најдобра фотографија/фотосторија.
Оваа година, на двата интернационални натпревари учестваа 155 новинарски дела од 22 земји.
Победниците на двата натпревара беа избрани од интернационална комисија составена од претставници од УНЕСКО, УНЕП, ФЕЕ, „Associated Press“. Кампањата „Помалку отпад“ од програмата Млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји; во Македонија се спроведе по втор пат и е наменета за средните училишта.
Таа е поддржана од Компанијата „Вригли“ и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ), а ја спроведе Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.
Програмата „Млади репортери за животната средина“ претставува составен дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.