Општина Центар организира нов музички спектакл. Градоначалникот Жерновски најавува дека на 14 јуни улицата „Македонија“ ќе се обои во црвено-бело, боите на општината.
Од 19 часот гостува еден од десетте најпопуларни DJ-и, Dash Berlin.Сите љубители на добрата електронска музика, сите центарци, скопјани и добронамерници се добредојдени.
– Ние ветивме дека општина Центар ќе организира по еден спектакл во зимскиот и летниот период од годината.Веќе граѓаните уживаа во новогодишната журка со “Прљаво Казалиште, а сега доаѓа познатиот „Dash Berlin. Тој ден на улица Македонија ќе биде најголемиот подиум, ветувам прекрасна журка со Dash Berlin, еден од водечките DJ-и во светот. Општина Центар секогаш ќе ги носи најатрактивните DJ-и, бидејќи и Центар и Македонија заслужуваат ваков спектакл. Дрес-кодот е црвено бела боја. Ваква журка, со ваков DJ не смее да се пропушти, изјави градоначалникот Жерновски
Промотерот на настанот Сузана Ал-Салкини ги повика сите млади на 14 јуни да дојдат на улица Македонија и да бидат дел од големиот спектакл.
-Овој потег на општина Центар е нешто сосема ново, а со години се применува во светските метрополи. Ќе има изненадувања, но за нив – во сабота, рече Ал-Салкини.
Инаку, Dash Berlin е холандски транс-музички проект, креиран во 2007 година од Џефри Суториус и Елке Калберг. Фронтмен на групата е ди-џејот Џефри Суториус а.к.а Dash Berlin, еден од десетте напопуларни DJ-и во светот.