Штрaјкот на вработените во метрото на најголемиот бразилски град Сао Паоло, продолжува на „неопределен рок“ и до исполнување на барањата на синдикатот, соопшти денеска раководството на штрaјкот.
Претставник на штрајкувачите изјави дека работниците не сакаат да му наштетат на Светското првенство во фудбал, што почнува за три денa, со првиот натпревар во Сао Паоло, но тие тврдат дека за тоа е потребно и поинакво однесување на Владата.
Штрајкот почна минатиот четврток, откако управата на метрото, што е во државна сопственост и раководството на гранскиот синдикат, не се спогодија околу зголемувањето на платите на вработените.
Управата на државната компанија определи зголемување од 8,7 отсто, додека синдикатите инсистираат на корекција на платите која не би била помала од 12,2 отсто.
Протестот на работниците од подземната железница и затворените метро станици предизвикуваат хаос во градскиот сообраќај на Сао Паоло и големи закрчувања во градското јадро, пренатрупано со автомобили. Тоа веќе влијае за „паниката што ги има зафатено“ организаторите на Светското првенство и локаните власти кои се соочуваат со социјален бунт пред почетокот на занив досега најголемиот светски настан.
Штрајкот продолжува и покрај одлуката на судот за работни односи за тоа дека синдикатот ги злоупотребува своте праа и го крши законот за штрајк.
Сидот оцени дека понудата од управата на државната компанија е „коректна и справедлива“ и ги предупреди синдикатите дека ќе сносат тешки казни за прекршување на законот за штрајкување, според кој мора да се обезбедат „минимални услови“ за работа и функционирање на метрото, со работа на 70 отсто од возовите кои сообрачаат низ градот и сто отсто, за утринските и попладневните часови, кога вработените одат и се враќаат од работа.
Гувернерот на Сао Паоло Хералдо Алкмин се закани дека сите штрајкувачи кои нема да се вратат на работа, ќе добијат отказ.