Градинката Корчагин повторно отворена за децата

Од:

Стотина деца од „Раде Јовчевски – Корчагин“ од денеска се повторно згрижени во градинката и се со своите воспитувачки.Сите родители се известени дека се создадени услови за сместување на децата.

Општина Центар ги презеде сите неопходни чекори, ги санираше штетите од поплавата, ги обнови плочките и создаде услови, децата повторно да се вратат, како што беше договрено на средбата на родителите, персоналот и градоначалникот Андреј Жерновски.

Храната, до санација на кујната се носи од друг објект.

Кујната ќе се реновира комплетно за околу недела дена. Во четврток, Советот на општина Центар треба да донесе одлука за пренамена на средства од Буџетот за набавка на опрема за кујната во висина од 1.500.000 денари.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории