Поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов смета дека запирањето на работите на проектот на гасоводот Јужен поток е недозволиво.
– Бев целосно изненаден кога ја слушнав одлуката на бугарскиот премиер дека се запираат работите на проектот Јужен поток. Тоа за мене беше целосно неочекувано. Бугарија не треба да биде заложник на геополитички игри на Брисел и не треба да го запре проектот Јужен поток, изјави тој за ИТАР-ТАСС.
Тој ддаде дека се „недозволени притисоците и обидите на Брисел да се запре тој проект со политички, геополитички и геостратешки средства“.
Бугарскиот премиер Пламен Орешарски веќе соопшти дека Бугарија прекинува со работите на пртоектот Јужен поток.