Грција доби 18 милијарди евра

Од:

Четири грчки банки добија вкупно 18 милијарди евра од Европскиот фонд за финансиска стабилност.

Националната банка на Грција доби 7,43 милијарди евра, Алфа банк 1,9 милијарди, Јуробанк 3,97 милијарди, а Пиреос банк 4,7 милијарди евра, во форма на обврзници според одлука на Грчката централна банкa.

Средствата се издвоени од Европскиот фонд за финансиска стабилност, а наменети се за рекапитализација.

„Дадовме наредба за испраќање на таа сума и тоа значи дека процедурата е завршена“, изјави претставник на Европскиот фонд за финансиска стабилност.

 

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната