Најмалку десет лица загинаа во поплавите во Бразил.
Поплавите во јужната држава Парана биле причинети од поројни дождови. Најмалку 3.500 лица останале без дом, а вкупно 50.000 настрадале на еден или на друг начин.
Зафатени се населени места во околината на градот Куритаба, административен центар на Парана.
На локалниот стадион, на кој ќе се одржуваат некои натпревари од Светското фудбалско првенство во Бразил, не се нанесени директни штети.