Кабул обвини странска разузнавачка агенција и исламистичка група за нападот врз претседателскиот кандидат Абдула

Од:

Авганистанските власти обвинија разузнавање на странска држава и исламистичка група базирана во Пакистан за обидот за убиство на фаворитот на претседателските избори во државата Абдула Абдула.

Абдула преживеа во експлозијата на две бомби пред хотел во Кабул во петокот. Притоа, загинаа 12 луѓе и 40 беа ранети.

– Првичните резултати од истрагата укажуваат дека разузнавачка агенција на странска држава и (исламистичката група Лашкар е Таиба, базирана во Пакистан) се вмешани во нападот, соопшти Кабинетот на авганистанскиот претседтаел Хамид Карзаи по седница на Советот за национална безбедност.

Во соопштението се додава дека „терористи од таа група сакаат да ги спречат изборите за претседател во Авганистан“. Абдула Абдула е поранешен министер за надворешни работи и е главен фаворит за изборите што ќе се одржат в сабота.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски