Македонскиот ракометен шампион Металург и во новата сезона ќе се натпреварува во групната фаза од Лигата на шампионите откако во финалето на квалификацискиот турнир во Норвешка убедливо со 30:20 славеше над домаќинот Хаслум.
И ланската сезона за пласман во групите од Лигата на шампионите тимот на Хаслум беше последната пречка за Металург, кој во Израел славеше со 29:28.
Металург во групата Ц од Лигата на шампионите ќе игра против екипите на Силкеборг (Данска), Горење (Словенија), Киелце (Полска), Шамбери (Франција) и Ст. Петербург (Русија).
Тимот од Автокоманда акцијата ја започнува на 30 септември против францускиот вицешампион Шамбери на гостински терен.