Економијата и евроатланските интеграции приоритет за идната влада

Од:

Економијата и евроатланските интеграции остануваат приоритет за идниот владин состав, изјави денеска мандатарот на новата влада и актуелен премиер Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски истакна дека покрај овие два сектори, идната влада ќе остане силно фокусирана и на сите останати сектори.

– Приоритетите се поврзани со економија и евроатланските интеграции, но се разбира со силен фоскус на сите други сектори. Отворањето на нови работни места, привлекувањето на странски инвестиции, охрабрувањето и помагањето на домашните да инвестираат, земјоделството, образованието и здравството – сето тоа е дел од фокусот на идниот владин состав, појасни Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од проектот за превод на 1000 стручни и научни книги од кои се учи на врвните светски универзитети.

Тој нагласи дека сите министерски места биле производ на коалиционите разговори и оти преговорите завршиле на двострано задоволство.

Осврнувајќи се на министрите без ресор, Груевски рече дека Висар Фида и Горан Мицковски ќе бидат задолжени за привлекување на инвеститори.

– Тие ќе ги зајакнат досегашните министри за привлекување инвеститори Бил Павлевски, Џери Наумоф и Веле Самак, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски