Најмалку 30 талибанци се убиени, а 40 се повредени во офанзива на авганистанските сили за безбедност во северната провинција Кундуз, соопшти локален полициски началник, јави германската агенција ДПА.
Офанзивата започна пред 20 дена и има за цел да ги неутрализира заканите по безбедноста во регионот, дополни началникот.
Меѓу убиените е и талибанскиот командант кари Вали Мохамед.