Вчера околу пладне во село Сарај, скопско, по претходна вербална расправија и тепачка, И.И. (34) од истото село со нож му нанел повреди на А.Ш.(24) од село Шишево.
Повредениот е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде му се констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
