Специјалитети од крап, перкија, белвица и сом се само дел од менито на фестивалот „Дојран гурман фест“ што се одржува денеска во Нов Дојран.
Посетителите ќе имаат можност да пробаат и најразлични традиционални пекарски производи од дојранското поднебје.
Како што најавија организаторите, манифестацијата ќе има и забавен дел за кој се задолжени домашни естрадни уметници.
Според градоначалникот Борче Стамов, Дојран со голема гордост организира вакви настани бидејќи преку нив докажува дека води грижа за традицијата и наследството кои се од големо значење за општината.