Во Обединетите Арапски Емирати изгласан е федерален закон, со кој по првпат се воведува задолжителната воена служба за мажи на возраст од 18 до 30 години и факултативна воена служба за жените, пренесува бугарската новинска агенција БТА.
Обединетите Арапски Емирати е федерација од седум члена, чие население е составено 80 проценти од странци.
Задолжителната воена служба ќе изнесува две години за мажите, по завршеното средно образование, односно девет месеци за мажите кои дипломирале на некој универзитет.
Пред ОАЕ, Катар минатата година усвои закон за задолжителна воена служба.