Возачот на „Мерцедес“ Нико Розберг ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Канада која се вози на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.
За тимот на „Мерцедес“ ова е седма пол позиција сезонава.
Розберг до првата стартна позиција дојде по денешните квалификации возејќи најбрз круг со време 1:14.874 минути.
Од второто стартно место ќе тргне неговиот клупски колега Луис Хамилтон, додека од третата стартна позиција ќе тргне Себастијан Фетел од „Ред Бул“.
Главната трка ќе се вози утревечер со почеток од 20 часот.