САД најавија нова финансиска помош за Молдавија и Грузија, две поранешни советски републики, кои Западот сака да ги привлече кон Европа.
Потпретседателот на САД Џо Бајден помошта ја најави во Киев по средби со претседателите на двете земји, одржани во рамките на церемонијата за инаугурација на новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко.
Според Белата куќа дополнителните 8 милиони долари за Молдавија се поддршка на нејзините европски аспирации. Грузија пак ќе добие 5 милиони долари, за помош на економски ранлиците групи луѓе што живеат во областите во близина на контролираните од Русија отцепени територии.
Неодамна претседателот Барак Обама објави дека САД ќе работат на зајакнувањето на воениот потенцијал на земјите кои се во близина на Русија, а не се членки на НАТО, вклучително Молдавија и Грузија.