Група од околу сто лица, денеска протестираше пред зградата на германската амбасада во Атина, барајќи отштета за нацистичките злосторства извршени во Грција за време на Втората светска војна.
Протестот на грчки и германски активисти е одржан на 70. годишнината од масакрот на 218 цивили во селото Дистомо во централниот дел на Грција, извршен од нацистите на 10 јуни 1944 година.
Демонстрантите со слогани „Правда и отштета“ побараа Германија да преземе итни чекори и да обезбеди надоместок за штетите.