Во паркот во Нов Дојран утре ќе се се одржи второто издание за годинава на Фестивалот на традиционална храна од дојранското поднебје „Дојран гурман фест“.
– Настанот го привлекува вниманието на посетителите со приготвените специјалитети од крап, перкија, белвица и сом, а не изостануваат ниту пекарските специјалитети, рече раководителот на туристичкото биро од Дојран, Перо Митаноски кој додаде дека манифестацијата ќе има и забавен дел со настап на Блага Петреска, Ефто Пупиноски и Оливер Глигоров.
Според дојранскиот градоначалник Борче Стамов, Дојран традиционално и со голема гордост организира вакви настани бидејќи преку нив со години успешно гради мостови кон соседите, постојано и одново докажувајќи дека грижата за традицијата е од големо значење за општината.