Грција разви нови мерки за борба против криминалот и илегалната имиграција, во рамките на кои се предвидува земјата да ги опреми границите со електронски средства за набљудување, пишува весникот „Имерисија“.
Властите во Грција планираат до крајот на 2016 година со електронски системи да биде опремена целата граница со Турција, како и голем дел од северната граница на земјата.
Тоа го најави грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Дендиас. Според него, за потребите на новите мерки, ќе бидат именувани уште 2.500 гранични полицајци во пограничните региони.