ФОТО: Отворен меѓународниот добротворен базар

Од:

Денеска во Градскиот Трговски Центар се одржува  четвртиот по ред Меѓународен добротворен базар.

Меѓународниот добротворен базар се организира по повод 1 јуни – Меѓународниот ден за заштита на детето и истиот е организиран од страна на „Добредојде“ – Маседониа Велкам Центар („Dobredojde“ Macedonia Welcome Center – DMWC), а годинава за првпат е финансиски поддржан и од страна на Градот Скопје.

Megjunaroden dobrotvoren bazar - welcome macedonia (7)

На просторот во Градскиот Трговски Центар повеќе амбасади и странски претставништва на штандови продаваат ракотворби и производи карактеристични за нивните држави, а сите собрани средства ќе бидат донирани за хуманитарни цели, поточно за Посебното основно училиште „Златан Сремац“.

Меѓународниот добротворен базар за отворен, во име на Градот Скопје, го прогласи Ловрен Маркиќ, раководител на секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации во Град Скопје, кој додаде дека Скопје како Град на солидарноста секогаш ќе ги поддржува проектите од хуманитарен карактер.

Megjunaroden dobrotvoren bazar - welcome macedonia (6)

– Градот Скопје во своите основни постулати се грижи за унапредување, подобрување и заштита на децата  во сите полиња од општественото живеење и  токму затоа Градот Скопје веднаш ја препозна потребата за промовирање и поддршка на еден ваков настан. Особена чест и задоволство ми е да го прогласам Хуманитарниот базар за отворен, Ви посакувам успешна работа и што е можно повеќе средства да се соберат, рече Маркиќ.

На отворањето на Меѓународниот добротворен базар пред присутните се обратија и Претседателот на „Добредојде“ – Маседониа Велкам Центар, Емилија Миладинова Аврамчева и амбасадорот на Р. Србија во Македонија, Н. Е Душанка Дивјак Томиќ.

Megjunaroden dobrotvoren bazar - welcome macedonia (5)

– Овој базар веќе четврта година традиционално го организираме по повод 1 јуни –  Меѓународниотн ден за заштита на децата. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите. Собраните средства од овој базар традиционално ќе бидат дадени во хуманитарни цели, а оваа година истите се наменети за Посебното основно училиште “Д-р Златан Сремец”, рече Миладинова Аврамчева.

Megjunaroden dobrotvoren bazar - welcome macedonia (2)

Амбасадорот на Р. Србија во Македонија и почесен претседател на  Меѓународниот добротворен базар, Душанка Дивјак Томиќ ги поздрави присутните на оваа манифестација и говореше за нејзиниот хуманитарен карактер, притоа изразувајќи голема благодарност до граѓаните на Македонија за дадената поддршка и помош кон Србија и Босна и Херцеговина по големите поплави кои ги зафатија годинава.

Megjunaroden dobrotvoren bazar - welcome macedonia (4)

На базарот свои музички и танцови настапи имаа повеќе уметнички друштва и ученици од поголем број на основни и средни училишта.

За учеството и поддршката на Меѓународниот добротворен базар, организаторот додели благодарници за Градот Скопје и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Megjunaroden dobrotvoren bazar - welcome macedonia (1)

Средствата од Меѓународниот добротворен базар 2014 ќе бидат наменети за Посебното основно училиште „Златан Сремац“. Средствата собрани од базарот одржан во 2013 година биле донирани во Центарот за даунов синдром, додека средствата собрани од базарот од 2012 година биле донирани на Посебното основно училиште „Иднина“.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски