М.С. (26) од Тетово е повреден со нож по расправијата со Ш.А. (24) од Глоѓи што се случи вчера попладне околу 18 часот на терасата на ресторанот Калабрија во селото Пршовце.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, М.С. на кој Ш.А. му нанел една убодна рана во градниот кош и три во грбот, веднаш бил префрлен во тетовската клиничка болница каде по укажаната помош е задржан и според проценките на лекарите се наоѓа вон животна опаснот.
Пресметката ја забележал сопственикот на објектот. Тој успеал да го спречи Ш.А. кој го фрлил ножот и избегал. При увидот се пронајдени нож и траги од крв што биле подигнати за вештачење, а нешто подоцна е пронјаден и приведен Ш.А. кој бил задржан во полицискта станица Тетово. Во текот на денот Ш.А. треба да биде изведен пред судија.