Мајки плаќаат и по 3.000 долари за некој да им ги спакува куферите на нивните деца

Од:

Иако многу луѓе не уживаат, па дури и го мразат процесот на пакување за на пат, ретко кој се сетил тоа да го направи наместо нив. Барем не до сега. Имено, богатите мајки во Њујорк изнајмуваат професионални организатори кои на нивните деца им ги пакуваат торбите за одење во летен камп.

Верувале или не, но постои услуга за пакување на туѓи торби и воопшто не е евтина; професионалните организатори наплатуваат по час минимално 250 долари, а за подготвување на едно дете им требаат минимално четири часа.

Сега сигурно се прашување на кого и зошто им требаат четири часа за подготвување на детски торби за на пат?

Работата е во тоа дека во торбата треба да се стават апсолутно сите дребулии и предмети во кои уживаат во удобноста на нивниот дом, од мирисни свеќи, специјални скапи сапуни, до сатенски ноќници без кои не можат да спијат.

Како што изјавила консултантката Барбара Рејч за Њујорк Пост, неколку мајки самоиницијативно ја замолиле да го направи тоа место нив. На многу мајки тоа им е многу стресно, посебно кога детето им оди само првпат. Клиентите ќе кажат дека мора да имаат ноќници поради тоа што се меки и удобни, но плаќаат 10.000 долари за камп и не сакаат да се чувствуваат лошо поради тоа што детето заминува – објаснила таа.

Барањата за услуга за пакување се појавуваа постапно. Барбара вели дека пред две години имала само една клиентка, лани пет, а оваа година веќе десет.

Професионалната организаторка Дејна Брандоф одработила веќе четири пакувања оваа година, а ја очекуваат уште 15 овој месец.

Некои клиенти од Дејна дури побарале да ја реконструира спалната соба на детето во кампот. – Поентата на се е децата да имаат чувство дека се дома. Многу родители сакаат да ја пресликаат детската соба во камповите па испраќаат пластични кутии и полици за да има повеќе простор – рече таа.

И психолозите се согласиле дека ваквите идеи се претерување на родителите.

– Мајките кои истовремено се амбициозни и кариеристки, но сметајќи дека родителството им е кариера, знаат да изнајмат персонал и помошнички за да бидат наводно подобри мајки – вели социологот Венсдеј Мартин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска