Селекторите исти, а главно и играчите

Од:

Селекторите исти, а главно и играчите. Информации и шпекулации, брифинзи од „високи“ партиски извори.

Воообичаено пред секое составување на новиот владин кабинет. Селекторите се истите, а главно и играчите.

Никола Груевски, најверојатно останува на верните и проверени кадри со мали рокади. Како и при составувањето на претходната Влада, поголеми смени прави коалицискиот партнер Али Ахмети.

Груевски и Ахмети си ги „трампаа“ ресорите одбрана и труд и социјала. Во ресорот одбрана Новиот човек од доверба на Груевски, партискиот генерален секретар Емил Димитриев најверојатно заменичката ќе ја замени со министерската фотелја. Најверојатно ќе „извиси“ најмладиот министер за труд и социјала.

Наместо Диме Спасов овој ресор, според меѓукоалицискиот договор ќе го добие кадар на ДУИ. Се споменува името на актуелниот директор на ПИОМ, Беким Незири.

Медиумите, блиски до власта лиферуваат информации дека Министерството за земјоделие, шумарство и водосопанство останува во рацете на социјалистите, но наместо Љупчо Димовски, министерската палка треба да ја превземе Михаил Цветков, кој беше ВД директор на Злетовица. По утрешниот партиски состанок на ДУИ ќе биде јасно кој ја задржал или освоил довербата на Ахмети.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски