Тетовци нападнале полицајци со шипки

Од:

Во тетовско Требош, синоќа пред автолакерската работилница, полициски службеници од Полициско обезбедување-Групчин, биле на задача и постапувале по телеграма за проверка, при што се обиделе да добијат информација од 22 годишниот А.И..

А.И. одбил да им даде било каков податок за што била заинтересирана полицијата.

Помеѓу полициските службеници и А.И., неговиот брат А.И.(1990) и нивниот татко Б.И.(1967) настанала вербална расправија, при што А.И. зел метална шипка со која му задал еден удар во пределот на грбот на полицискиот службеник.

Лицата се приведени и задржани во Полициска станица-Тетово, а увид на лице место извршила увидна екипа.

Од А.И. одземена е метална шипка. На полициските службеници укажана им е лекарска помош во Клинички Центар-Тетово и констатирани им се тешки повреди.

За настанот известен е и Јавен обвинител, а против тројцата поднесена е кривична пријава.

 

 

 

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи