Филипинскиот претседател Акино ја предупредува Кина

Од:

Филипинскиот претсадател Бенињо Акино изјави дека има информации за кинески подготовки за изградба на две  нови кинески нафтени платформи во спорното подрачје на Јужното Кинеско Море.

Акино истакна дека за новонастанатата ситуација ќе ги информира Обединетите Нации и десетчлената политичко-економска заедница на десетте држави од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Изградбата на првите две кинески нафтени платформи во Јужното Кинеско Море беше повод за антикинески протести во Виетнам во текот на минатиот месец.

Филипинските медиуми, објавувајќи го предупредувањето на претседателот Акино го пренесуваат соопштението од Брисел, во кое групата Г-7 изразила длабока загриженост поради тензиите во Јужното и во Источното Кинеско Море.

Лидерите на водечките индустриски земји побараа воздржаност на сите држави кои имаат претензии за сувереност над се уште спорни територии во двете големи мориња низ кои, покрај другото, минува најпрометниот морски сообраќај.

Во изјавата на Групата Г-7 не се споменува ниту една држава, но од сите се бара да го почитуваат меѓународното поморско право. Територијални спорови со Кина имаат Јапонија и повеќето држави со излез на Јужното Кинеско Море во регионот на југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Кина: Егзекутирана жена затоа што продала 17 деца, меѓу кои и сопствениот син

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите