Едно или повеќе непознати лица, од бандерите ги симнале државните знамиња поставени во општина Чаир, по повод Денот на независноста.
Во ЦИК-Скопје, пријавено е дека од страна на непознат сторител одземени биле државните знамиња.
Знамињата биле поставени на бандери на ул.„Александар Урдаревски“.
Полициската станица, Чаир презема мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите.