Македонската одбојкарска репрезентација со победа старуваше во Европската лига. Синоќа во Грац Македонија ја победи Австрија со 3-1 во сетови. По сетови мечот беше: 25:18; 21:25; 25:14 и 25:20 или 96:77 во вкупниот број поени.
Ова беше прв натпревар за Македонија во рамките Европската лига.
Двете селекции вечерва во 20:15 часот ќе одиграат уште еден натпревар. Во рамките на Б групата играат уште Данска и Словенија, а тие своите натпревари од воведното коло ќе ги играат на 10 и 11.јуни.