Средба Попоски – Даниелсон

Од:

Во фокусот на денешните разговори меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и генералниот директор на ЕК за проширување Кристијан Даниелсон биле напорите да не се дозволи поединечни деструктивни политички практики да носат штета на државата и евроинтеграциите, приоритетите во реформите, чекори за градење позитивна клима со Грција.

Министерот Попоски, како што соопшти МНР, го истакна неодамнешното испраќање на исцрпен пакет документи со статистички показатели и анализи за функционирањето на правосудството со очекување дека тие соодветно ќе бидат проучени и рефлектирани при подготовката на редовниот есенски Извештај за напредокот на Европската комисија.

Притоа потврди дека Македонија ќе продолжи да биде посветена на реформската агенда и напорите за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ.

Во пресрет на одржувањето на Комитетот и Советот за стабилизација и асоцијација беше взаемно констатирана, како што е посочено, одличната комуникација и дијалог кој постои помеѓу надлежните институции во Република Македонија и службите на Европската комисија.
Средбата на Попоски со Даниелсон, во рамки на неговата посета на Македонија, со цел редовна размена на мислења со ЕК во актуелни прашања во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски