(ФОТО) Прилепчанец легна на сред улица сакајќи да се самоубие

Од:

72-годишен прилепчанец денеска напладне го сврте вниманието на случајните минувачи и учесиците во сообраќајот со потегот во знак на револт да легне на сред улицата Прилепски бранители веднаш наспроти Зградата на Општина Прилеп, објави порталот 10 без 10.

Тој со солзи во очите ја раскажуваше својата приказна и мотивите да се реши на овој несекојдневен потег.

– Овие скапаниве од УЈП од кај знам зошто ми ја блокирале пензијата. Никаде борч немам. Данок за тутун од некогаш, од пред неколку години, блокирана ми е на 5.000 денари. Пензионер сум од Галичани. Усташка ова држава е. Ова е проклетија. Не Грциве ќе си играле, не Албанциве, сите!!! Седум души сум море чоек дома. Гревојте не ни се гледаат. Јас ова досега не сум го доживеал. Да ми ја блокираа, море чоек. Не знаете каква тортура врши на сиромаштијата. А за гласање-ајдеее. Пет души одевме од дома, вели тој.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај