Заев и Шекеринска се сретнаа со Штефан Филе

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска во Брисел имаа средба со комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.

На средбата се разговараше за наодите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР којашто констатираше  спојување на партијата и државата, партизирано судство, пристрасни медиуми, партизирани институции, отсуство на фер натпревар.

Претседателот Заев и заменик претседателката Шекеринска на средбата истакнаа дека токму тоа се причините за непризнавање на изборниот процес и за неучество на опозицијата во Парламентот. Тие укажаа дека опозицијата е целосно свесна за тежината на ваквата одлука, но дека власта е таа којашто спречува да дојде до израз вистинската волја на гласачите.

Воедно, беше изразена подготвеност опозицијата да почне преговори со власта за формирање техничка влада и за механизми што ќе овозможат слободни, фер и демократски избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока