Мареј противник на Надал во полуфиналето на Ролан Гарос

Од:

Британецот Енди Мареј ќе му биде противник на Рафаел Надал во полуфиналниот меч од тенискиот Грен слем во Париз.

Во меч кој траеше повеќе од три часа Мареј синоќа во четвртфиналната фаза го победи Гаел Монфилс (Франција) со 3-2 во сетови – 6:4; 6:1; 4:6; 1:6 и 6:0.

Нешто порано пласманот помеѓу четирите најдобри тенисери на Ролан Гарос го обезбеди Рафаел Надал кој во шпанската пресметка со 3-1 (4:6; 6:4; 6:0 и 6:1) го победи Давид Ферер.

Од претходно се знаеше првата полуфинална двојка која ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Ернест Гулбис (Летонија).

Полуфиналните мечеви во машкиот дел од турнир ќе се играат утре од 13 часот.

За денеска се закажани полуфиналните дуели во женска конкуренција:

15 часот: Марија Шарапова (Русија) – Ежени Бушард (Канада)

16 часот: Симона Халеп (Романија) – Андреа Петковиќ (Германија).

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ